Powered By Blogger

31. 3. 2014.

Пивковски ги скина лигаментите на коленото

МЛАДИОТ БИТОЛЧАНЕЦ СО ШВЕДСКИ ПАСОШ, БАШ НЕМА СРЕЌА СО ПОВРЕДИТЕ
Младиот 20 годишен напаѓач со шведски пасош Филип Пивковски доживеа тешка повреда на тренингот на Новара и ги скина лигаментите од левото колено.
Деновиве ќе биде дефинирано кога и каде ќе биде извршен оперативниот зафат, а паузата од фудбалските терени ќе изнесува 6-7 месеци. Пивковски, кој ги мина сите младински категории на шведската репрезентација, сеуште може да биде повикан во нашиот национален тим, дури и од негова страна постоеше расположение. Но оваа тешка повреда ќе го оддалечи од терените и враќањето се очекува кон крајот на годината. Пивковски ја минува првата сезона во италијанската втора лига, откако претходно настапуваше за Малме, Блекбурн, Нордсјеланд (стана шампион на Данска) и Хакен. За селекциите под 17,19 и 20 години во Шведска има преку 30 настапи. 
Инаку младиот по потекло битолчанец е одличен пријател со напаѓачот на Милан и на италијанската репрезентација Марио Балотели, со кого се дружеа во Англија која Филип настапуваше за младинскиот тим на Блекбурн, а Марио стана првак на Англија со Манчестер Сити. 

Нема коментара:

Постави коментар