ПОВЕЌЕ РАЗОЧАРУВАЊЕ, ОДКОЛКУ ЗАДОВОЛСТВО КАЈ ПЕЛИСТЕРЦИ ПО
ПОСЛЕДНОТО ВЕЧНО ДЕРБИ
Реми со горчлив вкус за фудбалерите на Пелистер кои
веројатно пред мечот беа задоволни со исходот, но по развојот на настаните
двојно жалат што не го освоија целиот плен.
Најнапред што скопскиот судија Мечкаровски, според нив им подари најстрога казна и го врати во живот до тој момент немоќниот Вардар, а потоа и што Пелистер повеќе од половина час со човек помалку не делуваше доминантно против домаќинот. Бугарскиот интернационалец Николај Христов го пренесува ставот на фудбалерите, дека Пелистер е тој кој треба да жали за останатите два бода: „Ние сме разочарани. Треба да жалиме што не ги освоивме сите три бода. Имавме одличен пристап и водство, па дојде пеналот кој го виде само судијата. Прва сезона сум тука, а на двата натпревари со Вардар имаме судиски одлуки на наша штета. Наместо ние да освоиме 4 бода, а Вардар само 1, ситуацијата е обратна. Но ние продолжуваме понатаму. Игравме многу подобро од мечот со Работнички и има уште 12 натпревари до крајот на сезоната, да се избориме за место во Европа„ вели Николај Христов, кој е меѓу најстандардните во средниот ред на пелистерци. Од бордот на директори нема официјално соопштение за арбитражата на Мечкаровски и помошниците. Но факт е дека Пелистер нема среќа со овој скопски судија, бидејќи есента два пати кога Мечкаровски му судеше на битолчани, тие мечот го завршуваа со девет фудбалери. Веројатно зелените немаат желба да им биде делегиран до крајот на сезоната. А да не заборавиме дека Пелистер и Вардар ќе играат уште едно „вечно дерби„ а за неколку дена ќе знаеме и кога и на чиј терен. Но од Пелистер се заблагодаруваат на „топлиот„ прием од новата структура на Вардар и напоменуваат дека ривали ќе бидат на теренот и трибините, а односите помеѓу клубовите мора да се развиваат во овој правец. Битолските фудбалери добија слободен ден и од утре почнуваат да го подготвуваат мечот со Македонија Ѓ.П. Со затворените противници, екипата на Драган Бочевски имаше многу проблеми во првиот дел од шампионатот и затоа мора многу сериозно да се сватат „лавовите„ од Ѓорче Петров.

Нема коментара:
Постави коментар