Powered By Blogger

25. 3. 2014.

Зарем повторно Димитар Мечкаровски?

ПО ЧЕТВРТ ПАТ ВО СЕЗОНАТА, СКОПСКИОТ СУДИЈА СО ВИСОК РЕЈТИНГ МУ Е ДЕЛЕГИРАН НА МЕЧ НА ПЕЛИСТЕР
ФФМ ги објави делегирањата за вонредното 24 коло од најсилниот фудбалски ранг, кое ќе се игра в среда од 15 часот.
Само 10 дена по полемичното судење на „вечното дерби„ Димитар Мечкаровски повторно е делегиран да ја дели правдата на меч на битолчани. Тој и помошниците Дејан Неделковски и Гоце Петревски ќе го судат мечот во Кичево на пелистерци против „давеникот„ Напредок. Четврт пат оваа сезона скопскиот судија ќе ја дели правдата на меч на Пелистер и во претходните три случаи, пелистерци имаа големи критики на неговото судење. Против Хоризонт Турново во Битола во мечот кој заврши без голови исклучи двајца фудбалери на Пелистер (и го поништи заради офсајд спорниот гол за Пелистер во финишот). Подоцна и против Ренова под Тумбе кафе го судеше мечот на момците на Бочевски. Заврши 0:4 и пак двојно исклучување на битолските фудбалери. Имаше примедби што беше делегиран и против Вардар во 22 коло, најнапред заради фактот што скопски судија ќе му суди на Вардар, а потоа и заради пеналот кој го досуди од Елмазовски врз Гроздановски. Битолчани во Кичево ќе ја бркаат првата победа оваа сезона, откако им суди Димитар Мечкаровски.

Нема коментара:

Постави коментар