РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ СО РЕАЛНИ ШАНСИ ЗА КУП ФИНАЛЕ, А БИВШИОТ СЕЛЕКТОР ЌЕ „БРКА„ ПОДВИГ
Во првиот
полуфинален меч од Купот на Србија во Нови Сад, домашната Војводина го совлада
Спартак Златибор вода на Драган Канатларовски со 1:0 и стекна минималец пред
возвратниот натпревар на 9 април во Суботица. Единствениот гол го постигна
Мијат Гачиновиќ во 59 минута.
Црвено-белите имаа повеќе од играта, упатија дури 20 удари во голот на Спартак, но стекнаа само 1:0 пред реванш мечот. Во вториот полуфинален натпревар Јагодина на „Карабурма„ го совлада ОФК Београд со 2:1.

Во првиот меч од
полуфиналето на романскиот Куп, Астра Плоешти како гостин ремизираше со
градскиот ривал Петролул Плоешти 0:0. На дебито на новиот тренер Марин,
македонскиот интернационалец Мирко Ивановски не настапи, но можеби ќе добие
шанса на 16 април кога се игра возвратниот натпревар. И второто полуфинале е
градско дерби. Утре во првата средба Стеауа го дочекува Динамо Букурешт.
Нема коментара:
Постави коментар