ПРВА ПРОЛЕТНА ПОБЕДА НА ПЕЛИСТЕР ПОД ВОДСТВО НА НОВИОТ ТРЕНЕР ТОМЧЕ ПЕТРЕСКИ
Пелистер -
Преспа 32:18
(18:8)
Спортска сала
„Младост„ - Битола. Гледачи: 800
Судии: Aлександар Вукашиновски и Исмаил Металари
(Скопје)
Делегат: Стојан
Николовски (Скопје)
Пелистер:
Божиновски (9
одбрани), Вакаруз (11 одбрани), Јуравлеов 4, Д. Георгиевски 2, Кузмановски,
Дрогришки 4, Бесараб 1, Чурлевски 3, Ракочевиќ, Вешовски 1, Блажевски 5,
Димитровски 5, Јанев 1, Филиќ 2, Талевски, Вукичевиќ 4
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 8
минута
Преспа:
Ристевски,
Лероски 1, Шабадиновски, Павловски, Д. Ѓорѓиевски 4, Камчев 1, Т. Ѓорѓиевски 3,
Крстевски, Кирановски, Јошевски, Најдовски, Петрески 1, Башески 4, Наумоски,
Тасевски 4, Нечков
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 4 минути
Во меч во кој победникот во ниту
еден момент не беше доведен во прашање, соседното дерби му припадна на
Пелистер. Момците на Томче Петрески го поправија впечатокот по поразот од
Металург Јуниор и го „сопреа„ амбициозниот проект на Преспа на Абдула Јусуфовски.
Уште по почетокот можеше да се наслути како ќе се одвива мечот. Вакаруз одбрани
неколку топки, зелените постигнаа лесни голови и по 13 минути игра имаа
недостижни 8:1. Иако ресенчани полека го поправаа впечатокот, разликата во
квалитет беше очигледна. Блесоци на Чурлевски и новодојдениот Вукичевиќ за 18:8
на крајот од првото полувреме. Во вториот дел и Божиновски блескаше на голот,
Дрогришки нанижа 4 гола и Пелистер во 46 минути дојде до 15 голови предност.
Чиста формалност беа последните минути, во кои сите ракометари на кои Петрески
им укажа доверба ја искористија и се запишаа во стрелците. Васко Димитровски и
Бобан Блажевски со по 5 и Вукичевиќ и Дрогришки со по 4 гола беа најефикасни
кај битолчани, а Д. Ѓорѓиевски со 4 постигнати гола беше најсветла точка кај
гостите.
Нема коментара:
Постави коментар