ДАНИЕЛ ВУКИЧЕВИЌ ПОВИКАН ОД НОВИОТ ЦРНОГОРСКИ СЕЛЕКТОР ОБРАДОВИЌ
На првите големи натпреварувања
македонската ракометна репрезентација во голем број беше составена од
ракометари на Пелистер или продукти на познатата битолска школа.
Така беше на европското првенство во Италија и на мундијалот во Египет, каде и стручниот штаб беше со битолски тренери. Долги години Пелистер не дава репрезентативци, заради квалитативниот пад на клубот. Последен репрезентативец кој играл за битолчани е Филип Лазаров во мај 2011 година. Од тогаш ниту странските засилувања не беа така квалитетни за да бидат повикувани во националниот тим. Исклучок е Реваз Чантурија од Грузија, но неговата репрезентација не го повикуваше така често. Сега по подолг период еден ракометар на Пелистер ќе го облече дресот на својата репрезентација. Последното зимско засилување Данијел Вукичевиќ е повикан од новиот селектор на Црна Гора, Љубо Обрадовиќ и од понеделник треба да се јави на собирот во Бијело поље во рамките на ЕХФ неделата. Во рамките на заедничките пет дена, Црна Гора ќе одигра и два пријателски меча со Тунис. Левиот бек е роден во Плевља, а по искуството во Ловчен, Рудар, Будучност и Слога, пред еден месец мина во Пелистер и веќе одигра три меча. Неговото повикување се должи и на откажувањето на Рогановиќ, Мелиќ и Докниќ. По утрешниот меч во Свети Николе, Вукичевиќ ќе замине за татковината за репрезенативното деби.

Нема коментара:
Постави коментар