КИТАНОВСКИ НЕ НАСТАПИ, А КРАЈОВА СТИГНА ДО НАЈВИСОКАТА ПОБЕДА ВО СЕЗОНАТА
Екипата Универзитатеа
Крајова на македонскиот
интернационалец Томе Китановски со новиот тренер Гаврил Балинт издвојува убедливата победа од 6:0 против Минерул
Мотру во 18 коло на романската втора
лига.
Хет-трик постигна романскиот напаѓач Костин Чурулеа од кои два гола во првиот дел кој заврши со високи 4:0. Во победата учествуваше и Кристиан Ганеа со два гола, а стрелец на еден гол беше Попеску. Нашиот младински репрезентативец не настапи поради повреда на која се пожалил на загревањето пред самиот почеток на натпреварот. Универзитатеа Крајова е чекор поблиску кон промоција во првата и најсилна дивизија во Романија и со оваа победа се зацврсти на врвот со 35 бода, 3 повеќе од конкурентот Рамницу Валчеа, кој вчера загуби од Металул Ресита со 1:0.

Нема коментара:
Постави коментар