Powered By Blogger

20. 3. 2014.

Французинот Нкунгуа доби работна дозвола, наскоро доаѓа во Битола

КОНЕЧНО СТИГНА РАБОТНАТА ДОЗВОЛА ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦОТ ОД ФРАНЦИЈА
26 годишниот француски голман Крис Нкунгуа конечне ќе може да им се приклучи на своите соиграчи од битолски Пелистер, бидејќи конечно стигна работната дозвола и Нкунгуа ќе го брани голот на битолчани и во втората половина на сезоната.
Имено, 30-40 дена пелистерци очекуваа црномурестиот голман да ја обезбеди потребната документација за образование и работа во Франција, за да добие престој во нашата земја.
Така ги пропушти подготовките, серијата контролни натпревари и првите два официјални мечеви во 2014 година со Металург Јуниор и Преспа. Деновиве со лет од Париз до Солун треба да пристигне во Битола и да му се стави на располагање на тренерот Томче Петрески. Нкунгуа ќе го пропушти мечот со Куманово в сабота, но од мечот со Овче Поле на 29 март, па и во плеј-офот заедно со Менде Божиновски и молдавецот Владислав Вакаруз ќе го брани голот на Пелистер. 

Нема коментара:

Постави коментар