Powered By Blogger

19. 3. 2014.

Интерес има, сега ред е да се избере најдобрата понуда

ЌЕ ИМА НОВА НЕИЗВЕСНОСТ ОКОЛУ ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ПРОДАЖБА НА ФК ПЕЛИСТЕР
Според последните информации од општина Битола има три понуди на јавниот повик за интерес за ФК Пелистер, кој беше лансиран  пред неколку недели.
Шпекулациите се дека две се од странски, а една од домашен капитал. Но процедурата е таква што ова беше само јавен повик за интерес, а наредниот кој ќе биде лансиран овие денови, ќе биде јавен повик за продажба. Тука се очекува покрај горенаведените три понуди за интерес, да пристигнат уште неколку конкретни понуди. Но се очекува и гаранција дека компаниите кои ќе ги достават понудите, дека ќе понудат и план и програма, а и банкова гаранција дека ќе можат да го исполнат условот за инвестирање по 300.000 евра по сезона во наредната деценија во тимот кој би се борел за највисоките места на табелата. Впечатокот е дека ритамот е бавен. Но од општина Битола напоменуваат дека мора да се почитува процедурата и дека при отворањето на понудите за продажба на клубот, се ќе биде јавно и сите ќе можат да ги видат и споредат понудите. Исто така транспарентна треба да биде и одлуката која понуда е најдобра и кому ќе му припадне Пелистер во иднина. Со оглед на резултатите и ентузијазмот во последните 2-3 недели, можно е интересот за Пелистер дополнително да порасне. 

Нема коментара:

Постави коментар