Powered By Blogger

29. 3. 2014.

Лесна победа на пелистерци во Свети Николе

ВТОР ПАТ ПО РЕД РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ПОСТИГНУВААТ ПРЕКУ 40 ГОЛА ЗА НОВА ЛЕСНА ПОБЕДА
Овче Поле - Пелистер 21:43 (10:21)

Ракометарите на Пелистер ја забележаа третата последователна победа во пролетниот дел на ВИП Суперлигата и си „поиграа„ со Овче Поле во Свети Николе на сличен начин како што тоа го сторија со Куманово во претходното коло.
Битолчани не се ни намачија и во комбинаторна игра постигнаа многу голови. Црногорецот Вучичевиќ, пивотменот Јанев и Блажевски брзо го одлепија тимот на Петрески до 7:18 во 20 и 10:21 во 30 минута. Во вториот дел сите ракометари кои добија шанса максимално ја искористија. Погодуваа и Васко Димитровски и Басараб и младите Дрогришки и Кузмановски. Витална победа и за јакнење на моралот на младата битолска екипа пред стартот на плеј-офот. Во среда во просториите на РФМ ќе биде извршена ждрепката за завршните 10 кола и за четвртфиналните групи на Купот на Македонија. Последната фаза на сезоната во која ќе се приклучат Металург и Вардар ќе започне на 12 април. 

Нема коментара:

Постави коментар