Powered By Blogger

13. 11. 2014.

Страдаа препоните и на Јове Трајковски

ВТОРА ОПЕРАЦИЈА ОД ПРЕПОНИ ЗА НЕПОЛН МЕСЕЦ ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
Еден од најмладите фудбалери во сениорскиот погон на Пелистер, најдобриот стрелец во минатогодишниот младински шампионат на Македонија, Јованчо Трајковски е последниот во долгата листа на повредени фудбалери на Пелистер.
Тој во 17 минута од мечот со Силекс се пожали на болки во препоните и два дена потоа дијагностицирано е дека се работи на кинење на препоните и потребна е операција за тие да се санираат. Ист пример како со Методија Степановски еден месец претходно. Очигледно фактот што пелистерци не направија подготовки ова лето остави силни последици и Секуловски во последните 20-30 дена континуирано губи фудбалери за секој нареден натпревар. Трајковски треба да биде подготвен за зимските подготовки во јануари. Без шанси за настап на последните два натпревари со Тетекс и Шкендија се и Марковски, Миленковски и Степановски, а Брдаровски го раскина договорот со клубот. 

Нема коментара:

Постави коментар