Powered By Blogger

14. 11. 2014.

Празниот викенд Пелистер го пополнува со контролен натпревар

ПЕЛИСТЕР И МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР В САБОТА СО КОРИСЕН ТЕСТ ПОД ТУМБЕ КАФЕ  
Последната репрезентативна активност оваа недела значи двонеделна пауза во националниот шампионат. Така оваа сабота од 13 часот под Тумбе кафе зелените ќе одиграат пријателски натпревар со трето пласираната екипа во Втората лига, екипата на Младост Царев двор.
Со овој амбициозен клуб, пелистерци одиграа неколку пријателски мечеви и пред почетокот на есенскиот дел од шампионатот, а во последниот ресенскиот второлигаш славеше во Битола со 1:3. Може да се констатира дека екипата на Стерјов и Стојчевски, каде спортски директор е Благоја Китановски е скоро комплетен бивш тим на Пелистер. За ресенските бело-зелени настапуваат Коруновски, Ивановиќ, Пановски, Елмазовски, Т. Вељановски, Коњарски, Илијоски, Стрезовски, Н. Клечкароски, И. Клечароски и уште многу, многу други. Пелистер ќе настапи без Мустафов кој е повикан за селекцијата до 21 година и без повредените Марковски, Степановски, Трајковски, Миленковски и без Брдаровски кој не е повеќе член на пелистерци. 

Нема коментара:

Постави коментар