Powered By Blogger

9. 11. 2014.

Со многу доза на среќа, пелистерки славеа против Ѓорче Петров

ВО ДРАМАТА ВО СПОРТСКАТА САЛА „МЛАДОСТ„ ПЕЛИСТЕРКИ ПО ВТОР ПАТ ГО СОВЛАДАА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ЖРК Пелистер - ЖРК Ѓорче Петров 27:26 (16:13)

Трета победа за ракометарките на ЖРК Пелистер на Борче Марковски во СКОПСКО Суперлигата. Многу потешко од предвиденото, пелистерки едвај го совладаа тимот од Скопје, кого во главниот град го совладаа со 11 разлика. Нервоза ги зафати битолчани и покрај тоа што водеа во текот на сите 60 минути.
Викторија Мурговска пак ги предводеше „зелените„ до највисоки +3 на полувреме. Невообичаено многу седмерци беа досудени за екипата на ЖРК Ѓорче Петров, дури 12, но во 5 од нив Шијаковска успеа да одбрани. На крајот при 27:26, гостинските ракометарки имаа два напади и ракометарка повеќе за да извлечат бод, но одбраната на ЖРК Пелистер се одбрани за трета победа во сезоната. Во наредното 7 коло, в сабота се игра второто пелагониско дерби оваа сезона, овој пат во Прилеп помеѓу Жито Прилеп и ЖРК Пелистер. 

Нема коментара:

Постави коментар