НАЈПОЗИТИВЕН ПЕРИОД НА БИТОЛСКИОТ НАПАЃАЧ ВО НОВИОТ КЛУБ ВО РОМАНИЈА
Македонскиот репрезентативен напаѓач, битолчанецот Мирко Ивановски минува низ многу позитивен период на форма. Тој одигра одличен натпревар за Клуж во неделата и со два гола му донесе убедлив триумф со 4:0 против последнопласираниот тим во романското првенство, Јаши.
Ивановски беше стрелец на првиот и на третиот гол за Клуж на овој меч, со кои ја осигура победата на својот тим, кој по ова 15 коло е на второто место на табелата со осум бода негатива во однос на Стеауа. Првиот го постигна со глава уште во 6 минута, а вториот по прекрасен дриблинг во 79 минута. Ова беа првите два гола за битолчанецот во дресот на Клуж, каде премина летово од уште еден романски прволигаш, Астра, за која настапуваше во изминатите две години. На пријателски меч погоди и против Шахтар Доњецк во ремито (3:3).

Нема коментара:
Постави коментар