Powered By Blogger

4. 11. 2014.

За Миленковски заврши фудбалската есен

ВТОР ФУДБАЛЕР ОД ПОСЛЕДНАТА ЛИНИЈА ГИ ПРОПУШТА ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ МЕЧА ОВАА ЕСЕН НА ПЕЛИСТЕРЦИ
Поливалентниот фудбалер на Пелистер, Филип Миленковски скапо ја плати обновената повреда на мускулот од левата нога. Имено левиот бек на пелистерци се повреди неколку пати оваа есен, но на мечот со Турново повторно почувствува болка и во финишот на мечот беше заменет.
Деталните лекарски прегледи потврдија дека повредата не е наивна и дека 25 годишниот фудбалер ќе мора да мирува до крајот на годината. Сепак се очекува нормално да ги почне зимските подготовки со своите соиграчи. Тој се приклучува на веќе оперираниот Методија Степановски, на кого му страдаа препоните на истиот меч со турновци. Под знак прашалник за в недела и мечот со Силекс се и Миле Петковски и Благојче Главевски.

Нема коментара:

Постави коментар