ПРОДОЛЖУВА ПОЗИТИВНАТА СЕРИЈА НА ЖРК КОНЗУЛИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЖЕНСКИ ШАМПИОНАТ
ЖФК Тиверија - ЖФК Конзули 1:3 (1:0)
Стадион ,,Младост” – Струмица. Гледачи: 100
Главен судија: Златанов Панче
Aсистенти:
Велков Влатко и Џорлев Михаил (сите од Струмица)
Стрелци: Павлинка Николовска за ЖФК Тиверија, а Симона Крстаноска (2) и Ангела Стојковска за ЖФК Конзули
ЖФК Тиверија:
Донева, Кирова, Димитрова, Николовска, Ристовска, Кочева,
Котева, Гоцевска, Тучева, Граматикова, Стојчева
За ЖФК Конзули:
Николовска, Мицкоска, Тасева, Талимџиоска,Крстаноска,
Тргачевска, Данчева, Киранова, Николовска, Стојковска, Трајковска
Без разлика што
екипата на Конзули во летниот преоден рок останаа без своите најдобри фудбалерки,
во новата сезона нанижаа 5 победи во 6 натпревари и на своето конто веќе имаат
15 бода. Во рамките од 6 коло битолскиот состав гостуваше кај незгодниот
противник Тиверија и благодарение на Симона Крстаноска и Ангела Стојковска се
врати со полн плен, сопобедата од 1:3.
Нема коментара:
Постави коментар