ВО НАЈНЕИЗВЕСНИОТ МЕЧ ВО КОЛОТО, КУГЛАРИТЕ НА ХЕРАКЛЕА ПОРАЗЕНИ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ОД ВАРДАР
Хераклеа - Вардар 2014 3:5 (3087:3093)
Мечот меѓу Хераклеа и Вардар 2014 во Битола го оправда
нивото на дерби на 6 коло од Првата македонска лига во куглање.
Во вистински
трилер натпревар, во кој индивидуално беа поделени бодовите и победникот беше
решен со бројот на соборени дрва, гостинската екипа на Вардар 2014 со само 6
соборени дрва повеќе успеа да се врати со полн плен од Битола. Завршниот
резултат на крајот беше 3:5 за Вардар 2014, а резултатот на вкупно соборени
дрва 3087:3093. По овој пораз Хераклеа падна на петтото место со 5 освоени бода.
Нема коментара:
Постави коментар