МЕЧОТ ШКУПИ - МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР ИМАШЕ И НЕДОЛИЧНИ ТРАНСПАРЕНТИ НА ТРИБИНИТЕ
Навивачите на второлигашкиот
лидер Шкупи „Шверцери“
завчера на мечот од македонската Втора лига против Младост Царев Двор повторно
провоцираа, овој пат со транспаренти. Тие извадија парола дека „Битола е албански
град“ и тоа со користење на албанскиот топоним за вториот по големина град во
Македонија – Манастири, јавува СПОРТМЕДИА.
„Шверцери“ на мечот славеа 25 години од
своето формирање, а како и сите албански групи, се докажуваа со провокација кон Македонија.
Истите тие навивачи, пред 45 дена
се фалеа во навивачкиот свет дека тие се виновниците за дронот кој со знамето
на Голема Албанија предизвикаа хаос во Белград на мечот Србија - Албанија во квалификациите за Евро 2016.
Нема коментара:
Постави коментар