ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО ЕХФ КУПОТ ЌЕ БИДАТ КОНСТАНЦА И АНГЕЛОВСКИ И ШУНДОВСКИ
Втора година по ред македонскиот тренер Звонко Шундовски и
неговата Констанца ќе играат во групната фаза на ЕХФ Купот. Констанца со
Ангеловски на теренот и Шундовски на клупата во последното трето квалификациско
коло со две победи успеа да го совлада и елиминира норвешкиот претставник
Елверум.
Во Скандинавија романскиот првак славеше со 29:30 (15:15), откако претходно во Романија беше
уште поубедливо, 27:21 (12:14). Најефикасни во тимот на Констанца беа шпанецот
Хумет Гаминде со 10 и Тома со 7 гола. Минатата година Констанца играше на Final
four на ЕХФ Купот во Берлин и на крајот заврши на четвртото место.
Нема коментара:
Постави коментар