БИТОЛЛАНИТЕ НЕ НАСТАПИЈА, А МАЈНЦ И МЕХЕЛЕН ПОРАЗЕНИ ВО СВОИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПРВЕНСТВА
Мехелен претрпе
очекуван пораз на гостувањето во Лиеж против Стандард со 2:0, а Томе Пачовски
не настапи, бидејќи предност доби белгискиот чувар на мрежата Бебо. Со головите
на Игор де Камарго во 20 и Мпоку во 50 минута, домашната екипа забележа победа
од 2:0, а Мехелен падна на 9 место со 18 освоени бода.
Во наредното 15 коло,
екипата на Пачовски го дочекува Серкл Бриж. Новески не настапи во неочекуваниот
домашен пораз на Мајнц од Вердер со 1:2. Јапонецот Оказаки во 3 минута, го
доведе Мајнц во водство, но Ди Санто во 44 и 49 минута постигна два гола за
пресврт и победа на Вердер. Мајнц по 10 коло се наоѓа на 8 место со 14 бода. В
сабота на 8 ноември, Мајнц гостува на „Баер арена„ против Баер Леверкузен.
Нема коментара:
Постави коментар