Челинџ Куп - 3 -
коло
Дукла Прага –
Пелистер 34:24 (14:10)
Враќањето на Пелистер на европската сцена по една година
помина со висок пораз во Чешка. На гостувањето кај Дукла, во Прага, битолчани загубија со 34:24., и сега ќе имаат
тешка задача за реваншот, иако паркетот во Битола бил сведок на многу подвизи.
Домаќините победата ја креираа во неколку бранови, почнувајќи од 15 минута.
Дотогаш беше 6:6, но пелистерци почнаа да грешат дозволувајќи му на
ракометарите на Дукла лесни голови од контранапади. Чесите направија серија од
четири гола до 22 минута, потоа поведоа и со највисоки 12:7, но сепак на пауза
заминаа со 14:10. Во вториот дел отпорот на Пелистер траеше кратко, само првите
5 минути, кога резултатот беше 16:12. Потоа следуваше серија од 5:1 за Дукла и
највисока предност дотогаш од 21:13, која опстојуваше долго време, сѐ додека
домаќините не направија нов налет и ја пробија двоцифрената бариера. Во
57.минута поведоа со 31:21. Пелистер успеваше да се симне на минус девет во два
наврати, но со гол со звукот на сирената, Дукла ги постави конечните 34:24.
Реваншот во Битола се игра в сабота во 18 часот.
Нема коментара:
Постави коментар