ПЕЛИСТЕР ВО „ЦРНА ДУПКА„ НА РЕЗУЛТАТИ, А НЕ МУ ОДИ ВО ПРИЛОГ НИТУ КРИТЕРИУМОТ НА ДЕНЕС КАТАСТРОФАЛНИОТ АЛЕКСАНДАР СТАВРЕВ
Ниту по седум
недели без постигнат гол, Пелистер не успеа да ја прекине црната серија по
домашниот пораз од Силекс со 0:1. Зелените го претрпеа четвртиот домашен пораз
и сега мора да погледнат и зад себе, бидејќи ситуацијата на табелата не само
што не е розова, туку може да биде и алармантна. Под Тумбе кафе само 300
гледачи, голем дел од нив си заминаа, кога Мариќ го постигна водечкиот гол за
Силекс.
Негодувања за лошите резултати главно беа упатени кон фудбалерите на
Пелистер, но и кон интернацоналниот судија Александар Ставрев, кој во првиот
дел превиде евидентен пенал за Пелистер и исклучување за гостинскиот дефанзивец
Стефан Рудан. Овој спорен момент се надоврзува на оној на Маркоски против
Ренова, кога неговиот помошник покажа на белата точка, а главниот судија не ја
прифати сигнализацијата. Битолчани најавуваат протест и соопштение против
судискиот критериум против нив во овој период од есенскиот дел од шампионатот.
Нема коментара:
Постави коментар