Powered By Blogger

9. 11. 2014.

Битолскиот судиски тандем доби силен ЕХФ меч за судење

НАЈВОЗБУДЛИВИОТ МЕЧ ОД 3 - КОЛО НА ЕХФ КУПОТ ИМ Е ДОВЕРЕН НА БИТОЛСКИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СУДИИ
Битолските интернационални судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ЕХФ ги делегираше да ја делат правдата на возвратниот меч за влез во групната фаза на ЕХФ Купот на 30 ноември помеѓу германскиот Хамбург и шведскиот Кристанштад.
Првиот меч помеѓу овие екипи се игра во Скандинавија, а возвратниот една недела подоцна во северна Германија. Големо признание за македонскиот судии, кои добија шанса да ја делат правдата во меч на европскиот првак од пред две сезони. 

Нема коментара:

Постави коментар