Powered By Blogger

26. 11. 2014.

Во Пелистер тренерската клупа е секогаш несигурна

ЗОШТО БИТОЛСКОТО ТРЕНЕРСКО МЕСТО Е ТАКА НЕСИГУРНО СИТЕ ОВИЕ ГОДИНИ?
Вистински подвиг е ако еден шеф на стручниот штаб мине цела една сезона во битолскиот прволигаш. Само два случаи во последните 8 години се издвојуваат од вообичаената практика, која вели дека пелистерци често менувале сред сезона, а некогаш тоа го правеле и по неколку пати.
Така Секуловски спогодбено го раскина договорот со клубот на само еден натпревар до крајот на есенскиот дел. Претходно Секуловски заминуваше од Пелистер главно заради понуди од други клубови, па отиде најнапред во Силекс, а потоа и во Мјанмар. Неџат Хусеин во сезоната 2008/09 и Драган Бочевски минатата сезона се единствените тренери кои останале на своето место од првото до последното коло. Во првиот случај Пелистер заврши на третото место и подоцна играше во Купот на УЕФА (сегашната Лига на Европа), а во вториот беше на чекор до повторување на истиот резултат, но потклекна во последните два месеци од натпреварувањето и на крај заврши на шестото место. Во меѓувреме во клубот од под Тумбе кафе дојдоа тренери како Мацков, Љамчевски, пак Хусеин, Михајлов, Здравков, Секуловски и в.д. тренери како Цветановски, Ѓоко Илијоски и Миле Димов. Таков привремен избор ќе биде и Димитар Капинковски, кој в недела ќе ја води екипата на мечот со Шкендија. Бившиот фудбалер на Пелистер и Победа и младински репрезентативец на Македонија од почетокот на сезоната е помошник на Секуловски и треба во неколку дена пред се психолошки да го врати моралот на екипата и да се обиде на направи подвиг на теренот на една од поквалитетните екипи во лигата. Пелистерци имаа одличен гостински биланс на почетокот од есента, кога славеа во Тетово против Ренова и на „Кукуш„ во Турново. Но бројките во последните девет недели се поразителни и малкумина веруваат во подвиг како минатата година, кога тогаш во предпоследното есенско коло, зелените на почетокот на декември одиграа 0:0 на теренот на Шкендија. Големо психолошко оптеретување претставува постојаниот притисок врз фудбалерите дека тимот го очекува целосна реконструкција и дека веќе во клубот се договараат новајлии и некои потенцијални засилувања доаѓаат на проба. Извесно е дека Пелистер оваа есен ќе тренира до средината на декември и до тогаш ќе го утврди и планот на работа на управата и подготовките за фудбалската пролет. И покрај непознаниците за нов тренер и нов играчки кадар, познато е дека Пелистер за прв пат ќе мине зимски подоготовки во Анталија (Турција), откако до сега најчесто се подготвуваше во нашата земја и само еднаш во Шпанија. Оваа недела ќе биде извршена и операцијата на препоните на Јованчо Трајковски, кој по новогодишните празници ќе им се врати на тренинзите. Охрабрува што повредените Филип Миленковски и Методија Степановски веќе почнаа да тренираат и нивното опоравување ќе оди според планот. За в недела и последното гостување, Капинковски ќе има бројани фудбалери и практично ќе биде бел голем избор да го состави тимот.    

Нема коментара:

Постави коментар