ВТОРА ПОБЕДА НА БИТОЛСКИТЕ КУГЛАРИ ВО ДОМАШНИОТ ШАМПИОНАТ
Викендов се одиграа три натпревари од 4 коло од Македонската
кугларска лига 2014/2015 година. На натпревар којшто се одигра во Битола,
домашниот тим на Хераклеа со резултат 7:1 ја совлада екипата на Империал
тобако. Во кугланата „Мусандра” во Градскиот трговски центар се одигра дербито
на колото меѓу екипите на ГТЦ и Вардар
2014.
Овој натпревар заврши нерешено со резултат 4:4. Во кугланата во
спортскиот центар „Борис Трајковски” се одигра натпреварот меѓу екипите на 18
Август Адинг и Макпетрол. На овој натпревар победи гостинската екипа Макпетрол,
со резултат 0:8, со што остана единствената екипа досега без загубени поени.
Последниот натпревар од четвртото коло од Македонската кугларска лига 2014/2015
година е натпреварот меѓу екипите на Македонија и Работнички, којќе се одигра
на 13 ноември во 17 часот во кугланата во „Борис Трајковски”. По оваа трета
победа, кугларите на Хераклеа избија на трето место со 5 освоени бода.
Нема коментара:
Постави коментар