КОНЕЧНО ПРВО СТРАНСКО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА НОВИОТ ПЕЛИСТЕР
Иако пред седум
недели пристигна во Битола и тренира со екипата, црногорскиот бек Богдан
Николиќ дури од вчера официјално е нов член на Пелистер, откако битолскиот
суперлигаш го плати сертификатот и Николиќ има право за настап веќе од в сабота
и мечот со Работнички.
Проблемите го надвиснаа битолскиот клуб, кој настапува
со скоро па младинска екипа и има повеќе порази од победи по првата половина од
есента. Се наближува и европскиот двомеч од Челинџ Купот со чешката Дукла од
Прага и итно е потребно засилување на играчкиот кадар. Николиќ има 22 години,
игра на позицијата лев бек и е продукт на школата на Сутјеска од Никшиќ, а три
сезони играше за Ловчен. И покрај младоста, Николиќ има преку 15 европски
средби за црногорските клубови. Покрај Николиќ, во Пелистер се обидуваат да го
регистрираат и голманот Филип Симоновиќ, кој исто така доаѓа од Црна Гора, од
екипата на Даниловград.
Нема коментара:
Постави коментар