Powered By Blogger

18. 11. 2014.

Ступиќ добива македонски пасош и ослободува место за нов странец

ВИСОКИОТ ШПИЦ ИГРАЧ ОД МОСТАР ОД ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД ШАМПИОНАТОТ НЕМА ДА БИДЕ ПОВЕЌЕ СТРАНЕЦ
Искусниот босански интернационалец Бошко Ступиќ кој ја игра својата прва сезона како член на битолски Пелистер, веќе неколку месеци поднесе документи за добивање на македонски пасош.
Сега на крајот од есенскиот дел од шампионатот забрзана е процедурата, па за очекување е за краток период Ступиќ да стане македонец и да ослободи место за странски фудбалер. Многу веројатно Пелистер ќе направи коренити промени во својот играчки кадар и ќе доведе можеби и максимални пет странски фудбалери. Зелените веќе минатата сезона имаа пет бугарски интернационалци во своите редови и полека заминуваа Георгиев, Ковачев, Христов, Воденичаров и Љубенов, а на почетокот на јануари ќе си замине и Кирил Динчев. Овој пат најверојатно нема да бидат ангажирани бугарски интернационалци, туку фудбалери од различни земји.  

Нема коментара:

Постави коментар