ПО ДОМАШНИОТ ПОРАЗ ОД СИЛЕКС, НА ПЕЛИСТЕР МУ ПРЕОСТАНУВА НОВА ГРЧЕВИТА БОРБА ЗА ОПСТАНОК
Прва фудбалска лига - 15 коло
Пелистер - Силекс 0:1 (0:0)
Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 300
Главен судија: Александар Ставрев
Асистенти: Марјан Кировски и Дејан Костадинов (сите од Скопје)
Делегат: Благоја Петров (Велес)
Стрелци: Мариќ во 85 минута за Силекс
Жолти картони: Крстески, Мирчевски, Ристевски (Пелистер), Дурански (Силекс)
Црвени картони: нема
Пелистер:
Пашовски, Петковски, Ганчев, Крстески, Динчев, Тодоровски, Анастасов (од 87м. Мустафов), Трајковски (од 20м. Ристевски), Љамчевски (од 74м. Главевски) , Мирчевски, Ступиќ
Силекс:
Ников, Јанев, С. Рудан. Багашовски, Тодоров, Велинов, Ѓорѓиев (од 59м. Мариќ), Дурански, Мијатовиќ, Недељковиќ (од 90м. Стојков), Тимовски (од 13м. Мицков)
Играч на натпреварот:
Бојан Мариќ (Силекс)
Во обид да ја прекинат серијата од скоро два месеци без победа, пелистерци се потпреаа на младите Мирчевски и Трајковски во стартниот тим за мечот со Силекс. По натопениот терен Александар Анастасов прв се закани со удар од голема дистанца во 7 минута, но биеше преку голот. Гостите уште во 13 минута мораа да менуваат, откако Мицков влезе во игра на местото на повредениот Ангелче Тимовски. Седум минути подоцна менуваа и домаќините откако заради повреда Јованчо Трајковски мораше да го напушти теренот и на негово место во игра влезе искусниот Ристевски. Во 27 минута сите под Тумбе кафе видоа чист пенал за пелистерци, само не Ставрев и неговите помошници. Мирчевски беше инспиратор, Ристевски ја пропушти топката и Ступиќ излезе сам пред Ников, но Стефан Рудан го сруши како последен човек. По втор пат во половина полувреме, Александар Ставрев одмавна со рака, иако овој пат имаше сериозна основа да покаже на белата точка. Првата закана кратовци ја упатија во 33 минута кога по слободниот удар на Дурански, од мешаница биеше Александар Багашовски, но неколку метри крај дирекот. Димче Ристевски се направи добро во 38 минута, но биеше млако и по средината од голот на Трајче Ников. Првиот дел заврши со ударот со глава на Ганчев по слободниот удар на Тодоровски, но пак без потреба за интервенција на гостинскиот голман. Така стихијно со јалова надмоќ на зелените заврши првиот дел без голови. Вториот дел почна со големата шанса за Петар Љамчевски, кој во 56 минута шутираше крај голот од изгледна позиција од 13-14 метри. Две минути подоцна пак Ступиќ се обиде со глава по центаршутот на Тодоровски, но биеше крај голот. Во последните 17-18 минути, домашниот тренер го внесе и Благојче Главевски на местото на Петар Љамчевски, па пелистерци тргнаа во тотална офанзива. Повеќе со срце и желба отколку организирано, пелистерци го преселија тежиштето длабоко на противничката половина, но тепко создаваа шанси. Искусниот Димче Ристевски бараше најстрога казна по дуелот со Томе Јанев во 82 минута, но заработи само жолт картон заради приговор. И како да се повтори мечот со Ренова и пак гостите уловија контра по левата страна и резервистот Мариќ од лево од 16-17 метри упати страотен удар и го совлада немоќниот Пашовски. Само што влезе во игра Бурхан Мустафов имаше голема шанса за израмнување, но од пеналтикот во 90 минута биеше над голот. Жестока казна за битолчани кои по четврт пат оваа сезона со наведната глава го напуштаат стадионот под „Тумбе кафе„

Нема коментара:
Постави коментар