Powered By Blogger

14. 11. 2014.

Зошто Новески е легенда и за македонците и за германците?

ГЕРМАНЦИТЕ МУ НАПРАВИЈА ГОЛЕМА ЧЕСТ НА БИТОЛЧАНЕЦОТ КОЈ ОДБЕЛЕЖА ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ВО БУНДЕСЛИГАТА
Регионалниот германски ТВ канал SWR неодамна беше гостин во една од нивните најпопуларни емисии беше токму капитенот на Мајнц. Причина, очекувано, беше јубилејот 10 години минати во дресот на Мајнц на битолчанецот Николче Новески, кој во историјата на нашиот фудбал, а и на германското елитно фудбалско друштво ќе остане запишан како првиот Македонец кој бил именуван за капитен на еден клуб од Бундеслигата.
Достигнување со кое се уште само Новески може да се пофали. Тоа беше доволна причина ТВ екипа на SWR минатиот месец да ја посети нашата земја, при што своите гледачи ги запозна со родниот град на Николче, неговиот прв тренер и учителот од основно, кој се пофали со одличниот „со сите петки“ Николче Миле Новески.
Секако, репортажата не можеше да помине и без родителите на стоперот на Мајнц, Менка и Миле Новески кои пред цели 17 години во солзи гледаа како нивниот син се качува на авион за Германија, неможејќи притоа ни да претпостават во каква успешна македонска приказна Николче ќе се промовира во следните речиси две децении во кои е дел од една од најсилните светски фудбалски лиги. 
Тимот на SWR, покрај Битола во текот на својот престој во Македонија го посети и Скопје каде го сними и специјалниот поздрав за Новески од „еден од неговите најголеми фанови“, актуелниот Претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој имаше посебна честитка за Николче.

Нема коментара:

Постави коментар