Powered By Blogger

6. 11. 2014.

ЕХФ ги делегираше судиите за Челинџ двомечот Дукла - Пелистер

ПОЗНАТИ ОФИЦИЈАЛНИТЕ ЛИЦА ЗА МЕЧЕВИТЕ НА ПЕЛИСТЕР СО ДУКЛА ПРАГА ВО ЧЕЛИНЏ КУПОТ

Се ближи европското деби на ракометарите на Пелистер во Челинџ Купот. Пред двата меча со чешката екипа Дукла, која ќе влезе како фаворит во двомечот, ЕХФ ги објави официјалните лица за двата меча. Првиот меч во Прага на 23 ноември во необичен термин од 11:00 часот, ќе го водат украинските судии Тараш Куз и Виктор Зоба.
Делегат на ЕХФ ќе биде србинот Јован Попадиќ. Возвратниот натпревар ќе се игра во Битола на 29 ноември од 18:00 часот, а правдата ќе ја делат италијанците Рикардо Шевола и Тал Алпаран. Делегат ќе биде Тихомир Касуниќ од Хрватска. 

Нема коментара:

Постави коментар