ПО ПОЛОВИНА СЕЗОНА СОРАБОТКА, МАРЈАН СЕКУЛОВСКИ И ПЕЛИСТЕР СЕ РАЗДЕЛИЈА НА СПОГОДБЕН НАЧИН
По ремито на
гостувањето кај Тетекс (1:1) во неделата, Пелистер и тренерот Марјан Секуловски
спогодбено ја прекинаа соработката која со договор ги врзуваше до крајот на
сезоната 2014/15.
На последниот меч од есенскиот дел од шампионатот, битолскиот
прволигаш ќе го води помошникот на Секуловски, Димитар Капинковски, а потоа ќе
биде назначен нов шеф на струката за пролетниот дел од шампионатот. Секуловски
дојде на местото на Бочевски и Пелистер го водеше на 16 натпревари и освои 18
бода. Ова е трет негов период минат во матичниот Пелистер, но по 9 кола без
победа, тој и управата на клубот дојдоа до заедничко решение во иднина друг
предводник на седне на клупата на Пелистер.
Нема коментара:
Постави коментар