Powered By Blogger

16. 11. 2014.

Дрогришки и Николиќ го решија пелагониското дерби

ПЕЛИСТЕР ГО ДОБИ ДЕРБИТО СО СОСЕДОТ И СО ОПТИМИЗАМ ГЛЕДА НА ЕВРОПСКОТО ДЕБИ
Пелистер - Прилеп 27:26 (13:9)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 1000
Судии: Дејан и Димитар Ѓорѓиевски (Скопје)

Пелистер:
Крстевски, Николиќ 8, Дрогришки 7, Димитровски 5, Илиевски 2, Рајатовски 1, Тодоровски, Гаревски, Јовановски, Вељановски 1, Нечков, Христов, Кузмановски 3, Ѓорѓиевски

Седмерци: 6/5
Исклучувања: 6 минути

Прилеп:
Михајлевски, Божиновски, Тодоровски, Митревски 1, Ѓорѓиески 3, Петкоски 4, Цветкоски, Мојсоски 2, Бозароски 4, Велески, Стефаноски, Ангеловски 8, Талевски 4

Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути  

Во соседното дерби, ракометарите на Пелистер го совладаа Прилеп, каде тренер е Боро Чурлевски благодарение на подобриот финиш и поголемата спортска среќа. Во многу изедначен натпревар, по 4:4 во 6 минути, пелистерци благодарение на тандемот Дрогришки - Николиќ се одлепија до 9:4. До одморот им се придружи и Кузмановски и со 13:9 екипата на Николовски отиде на одмор. Домашниот тим со серија на лесни голови постојани одржуваше 3-4 гола предност и во вториот дел. И кога се чинеше дека победникот е решен, прилепчани се вратија во мечот во последните 6-7 минути. По 25:21 во 51 минута, следеше позитивна серија од 5:1 на Бозароски и Мојсоски и гостите дојдоа до26:24 на 150 секунди до крајот. Но пелистерци го зададоа завршниот удар, а немаше доволно време за репрезентативецот Златко Мојсоски да израмни од контранапад. Блескаа Николиќ со 8 и Стефан Дрогришки со 7 гола, а кај гостите се истакна Ангеловски со 8 гола. Битна победа за битолскиот суперлигаш пред гостувањето во Прага и мечот со Дукла во рамките на Челинџ Купот наредната недела во 11 часот. 

Нема коментара:

Постави коментар