ДОЛГОГОДИШНИОТ ПРВАК МАКПЕТРОЛ, ПРЕСИЛЕН ЗА КУГЛАРИТЕ НА ХЕРАКЛЕА
За време на викендот се одиграа три натпревари од третото
коло од првата македонска кугларска лига 2014/2015 година. Во кугланата
"Мусандра" во Градскиот трговски центар се одигра дербито на колото
помеѓу екипите на Работнички и Вардар 2014. Во крајно неизвесен и израмнет
натпревар,меѓусебните дуели завршија нерешено и поделба на бодовите, па
победникот беше одлучен преку вкупниот број на соборени кегли.
Така, домаќинот
Работнички победи со резултат 5:3, со 3267 соборени кегли наспроти 3237. Вториот
натпревар кој се одигра во кугланата "Мусандра" беше помеѓу екипите
на Империјал Тобако и Македонија,заврши со победа на Империјал Тобако од 7:1,
со вкупен резултат на соборени кегли 3112:2923. Во третиот натпревар, во
кугланата во спортската сала “Младост” во Битола, екипата на Хераклеа го
пречека актуелниот шампион и лидер на табелата - тимот на Макпетрол.
Натпреварот заврши со победа на Макпетрол и резултат 0:8, со што остануваат
единствената екипа во шампионатот со сите победи во третото коло. Третото коло
од Македонската кугларска лига 2014/2015 година ќе се комплетира во среда, кога
во кугланата “Мусандра” во ГТЦ - Скопје во 17:30 часот ќе се сретнат екипите на
18 Август АДИНГ и ГТЦ. По три одиграни мечеви, Хераклеа е на третото место со
една победа, едно реми и еден пораз.
Нема коментара:
Постави коментар