Powered By Blogger

7. 11. 2014.

Против Силекс мотивиран дуплиран за победа и излез од кризата

КЛУЧЕН НАТПРЕВАР ЗА ЕСЕНСКИОТ КРАЈ НА ПОЛУСЕЗОНА СТОИ ПРЕД БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ
По неколку недели на силен ритам, кој остави последици во битолскиот прволигаш, конечно Марјан Секуловски имаше цела една недела да го подготви наредниот меч, а тој како и останатите два кои му следуваат е од витална важност за битолчани. Извесно е дека на крајот на есента Пелистер нема да ги има истите бодови како минатата сезона, кога скоро и да беше есенски првак.
Но сезоните не се споредуваат. Ни по играчкиот кадар, организацијата или подготовките. Пелистер почна од почеток пред повеќе од еден месец, кога новиот сопственик го превзеде доминатниот пакет на акции и сеуште ја чека првата победа. Против Силекс, зелените имаат ненаплатени сметки од мечот во Кратово, каде примија гол длабоко во судиското надополнување и тоа како што тие тврдат од некоректна ситуација. Наместо да ја вратат топката по фер-плеј непишаните правила, фудбалерите на Силекс продолжија со игра и постигнаа израмнувачки гол. Затоа битолчани се уште помотивирани за овој дуел, иако до недела наутро енигма ќе биде стартниот тим. Сигурно надвор од конкуренција за настап се Главевски, Степановски, Миленковски, неизвесен е Ристевски, а младиот Мирчевски денес се врати од настапот за селекцијата под 18 години. Радикални промени во системот на игра не се предвидени, но веројатно во пристапот, енергијата и желбата Пелистер мора нешто да менува. За негативниот рекорд од преку 500 минути без постигнат гол во шампионатот да не порасне, мора да проработат Ступиќ и другарите. Колку е дијаметрално спротивна сезоната на битолскиот прволигаш говори фактот што Пелистер најнапред имаше 8 меча без пораз, а сега е 8 меча без победа. Има најтенок голгетерески учинок, а одбраната и покрај последните примени голови и натаму статистички делува стабилно. Сепак се бројат бодовите, а во таа категорија Пелистер веќе 55 дена затајува.

Нема коментара:

Постави коментар