СПИРОВСКИ ВЛЕЗЕ ВО ИГРА ВО 82 МИНУТА, А БЕРОЕ ГО СОВЛАДА БИВШИОТ ПРВАК ЛИТЕКС
Битолчанецот Стефан
Спировски настапи во последните 10 минути и учествуваше во победата на неговиот
Берое во Стара Загора против Литекс со 2:0. Со головите на Елијаш Резенде во 28
и 68 минута „зелените„ заборавија на неуспесите и им се вратија на победите.
Спировски го засили средниот ред, влегувајќи на местото на двојниот стрелец во
82 минута. Со оваа победа Берое е на третото место по 14 кола со 24 бода, 9
помалку од лидерот ЦСКА и 4 од второпласираната екипа на Лудогорец. Во
наредното 15 коло, Берое в петок во 16:45 часот му гостува на Левски.
Нема коментара:
Постави коментар