СЕ ЧУВСТВУВА ЕУФОРИЈАТА ВО ГРАДОТ ПОД ПЕЛИСТЕР ЗА МЕЧОТ СО
ПРОТИВНИКОТ КОЈ НАЈМНОГУ МОТИВИРА
Фудбалската „треска„ веќе со денови ја тресе Битола. Секој
па и најмалиот детал околу тимот и клубот ги интересира битолчани, посебно и
заради името на првиот противник. Во претходните неколку сезони откако Пелистер
се врати во Првата лига, секогаш добро играше на првиот натпревар и бележеше
позитивни резултати.
Но името на сегашниот прв ривал е достојно за респект, посебно заради начинот на кој Вардар се подготви ова лето. Тренерот на зелените Марјан Секуловски се соочува со уште една грижа по проблемите со повредата и на Благојче Марковски, кој веројатно ќе беше прв избор за напаѓач ако беше подготвен. Вака новодојдениот Бошко Ступиќ и Благојче Главевски конкурираат за место во шпицот по повредата на Марковски. Брзоногиот Филип Миленковски кој најверојатно ќе игра во средниот ред е умерен оптимист пред првото овосезонско дерби со Вардар: „Вардар не мотивира, но верувам дека и нашиот прогрес последните неколку дена прави противникот да не респектира. Имаме неколку млади фудбалери кои за прв пат ќе играат ваков натпревар, но имаме и искусни фудбалери. Би ја повикал нашата верна публика да не подржи, да го препознае новиот проект кој го почнуваме. Не очајуваме што јавноста не ни ја дава фаворитската улога, но од искуство знам дека многу малку екипи можат да бидат фаворити под Тумбе кафе. И треба тоа да го докажат. Наша цел е да го одиграме најдоброто издание, а ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за бодови„ резервиран беше Миленковски. Извесно е дека во тимот в недела нема да истрчаат Брдаровски и Тодоровски, а неколкуте дилеми на Секуловски се врзани меѓу Динчев и Петковски и Велевски и Мустафов, како и споменатата двојба Ступиќ - Главевски. Се очекува огромна посета под Тумбе кафе и заради клубската консолидација и заради добрите подготвителни резултати на зелените и заради името на противникот. Фудбалерите на Пелистер в недела ќе бидат во дневен карантин и пред мечот изолирани од јавноста и притисокот ќе пристигнат под Тумбе кафе.

Тројца екс вардарци во Пелистер
Битолчанецот Диме Ристевски, прилепскиот дефанзивец
Александар Крстески и најновото засилување мостарецот Бошко Ступиќ се
единствените фудбалери на Пелистер кои го носеле дресот на Вардар во минатото.
Ристевски дури и го освои Купот со црвено-црните. На спротивната страна Благоја
Љамчевски е единствениот фудбалер на Вардар кој ги носел и двата дреса.
Африканците не поминаа на пробата
Двата 20 годишни фудбалери од Гвинеја, Диаби и Салас Сангари
кои 5-6 дена тренираа со Пелистер не ги задоволија вкусовите на стручниот штаб
и управниот одбор и нема да се потпишат перманентни договори со нив. Одлуката
околу ангажманот на Горан Тодорчев ќе биде донесена на почетокот на наредната
недела по завршувањето на мечот со Вардар.
„Чкембарите„ подготвени за мечот со висок ризик в недела
Новата управа на клубот одржа неколку состаноци со членови
на навивачката група „Чкембари„ околу нивната соработка оваа сезона. Дефинирани
се сите кодекси за коректно навивање и со оглед на фактот што се работи за
натпревар од висок ризик, вниманието ќе биде дополнително засилено. Исто така
битолската полиција потврди дека гостинските навивачи ќе бидат пречекани и
изолирани од било која провокација и инцидент. Откако минатата сезона не
допатуваа во Битола „Комитите„ в недела ќе бидат дел од првото „вечно дерби„
оваа сезона.
Билетите по цена од 100 денари ќе се продаваат само в недела
В недела уште од 14-15 часот на Широк сокак на специјален
штанд ќе се продаваат билети за „вечното дерби„. Пред стадионот под Тумбе кафе,
на кој интензивно се работи деновиве, пред мечот ќе има три пункта на кој ќе се
продаваат билети по цена од 100 денари. Овој натпревар ќе биде одделен од
сезонскиот билет на сите домашни мечеви во полусезоната на Пелистер.
Нема коментара:
Постави коментар