КАТАСТРОФАЛЕН РАСПЛЕТ И СЕРИОЗЕН УДАР ЗА ПЛАНОВИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО НОВАТА СЕЗОНА
Еден од двата најтрофејни македонски ракометни клуба, битолски Пелистер ги минува најтешките денови за егзистенција, посебно по денешното известување за јавноста кое потврдува дека клубот ќе мора во експерсен рок да се трансформира во АД доколку сака да се натпреварува во Супер лигата.
Иако се очекуваше долго месечната постапка да биде чиста рутина, информациите од Централниот регистар ги затекнаа битолчани: „Уште од почетокот инсистиравме на потребата за повеќе правни субјекти да бидат вклучени во процесот на трансформација и воедно приватизација на клубот, но за жал не наидовме на соодветно разбирање. И покрај тоа, ги припремивме сите барани документи за трансформација и приватизација и ги доставивме до Централниот Регистар. За жал пред некој ден заврши постапката во Централниот Регистар и после предвидениот рок не успеавме во трансформацијата на клубот, од за нас неразбирливи причини. Тоа значи дека клубот е повторно на почетните позиции односно во моментот ракометниот клуб се уште функционира како здружение на граѓани„ се вели во соопштението на Сашо Павловски кој раководеше со клубот во последните 12 месеци упатени до јавноста и до градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Во меѓувреме клубот благодарение на Силјан Мицевски минатата сезона ја заврши на четвртото место и избори место во Челинџ Купот. Во турболентната сезона во која за Пелистер играа и 5-6 странци, Поповски ја започна сезона, а ја заврши Николовски на клупата, а во меѓувреме тренерскиот занает во Пелистер го извршуваа и Костадиновски и Петрески во рекордната сезона со четири тренери.„Сакам да напоменам дека и покрај неизвршената трансформација на клубот, неколкумина ракометни ентузијасти како членови на управниот одбор, успеаа да го одржат клубот и да го подигнат на повисоко ниво од колку во минатите години. Покрај сите тешкотии, пред се од финансиски аспект РК Пелистер минатата година после подолго време успеа да постигне забележителен резултат во македонската Супер лигата и да се пласира на европска сцена. Очигледно е дека за постоење на клубот и негово враќање на старите патеки потребен е многу поголем ангажман отколку љубовта на поединци кон ракометот. Потребно е изнаоѓање на начин на финансирање во кој ќе бидат вклучени приватни субјекти, но и претпријатијата од државен и локален карактер кои функционираат на подрачјето на Битола„ заврши Павловски кој со ова соопштение ги заврши своите временски активности во клубот и ја префрли „топката„ кај градските власти. Во меѓувреме Пелистер има договорени 2,3 засилувања кои чекаат на зелено светско за доаѓање на клубот, а прозивката на Игор Николовски треба да се случи на 13 август. Но во меѓувреме клубот води друга битка, треба на време да се трансформира доколку сака да не биде избришан од суперлигашите за сезоната 2014/15.

Нема коментара:
Постави коментар