Powered By Blogger

9. 8. 2014.

Елмазовски го спаси Младост Царев двор од пораз

ИСТОРИСКИ  ПРВ БОД ЗА ЕКИПАТА НА МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР ВО ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА
Овој викенд стартуваа натпреварите и во Втората фудбалска лига со 12 гола на пет одиграни средби. Екипите на Шкупи и Врапчиште победија на денешното отварање на новата сезона во македонската Втора лига, каде гостите на петте меча не успеаа ниту да се израдуваат. Засилениот Шкупи, поранешна Слога Југомагнат, трикратниот македонски првак триумфираше со 3-1 против Дрита, додека Врапчиште со ист резултат славеше над кичевски Напредок, ланскиот прволигаш. Новиот второлигаш Младост Царев Двор, кој има амбициозен проект за да стигне и до елитата на првиот свој меч во второлигашкото друштво ремизираше со бицшиот шампион Македонија Ѓорче Петров. Битолчанецот Илир Елмазовски со гол од пенал во 65 минута израмни за Младост, откако Томески во 16 минута ги доведе „лавовите„ во водство.



Еуромилк – Кожув 1:1
Шкупи – Дрита 3:1
Врапчиште – Напредок 3:1
Младост Царев Двор – Македонија ЃП 1:1
Скопје – Гостивар 0:0

Нема коментара:

Постави коментар