ТРОФЕЈНИОТ БИТОЛСКИ СТРУЧЊАК ЖРТВА НА ФИНАНСИСКАТА КРИЗА ВО КОНСТАНЦА?
Во интервју за романскиот
а и нашиот печат, битолскиот ракометен стручњак, Звонко Шундовски ги потврди
сите проблеми од финансиски карактер со кои се соочува неговата Констанца и
потврди дека не знае дали ќе остане во романскиот првак и покрај постоечкиот
договор:
„Точно е дека има беспарица и некоја несигурност. Имаше ветување дека до 28 август ќе се реши многу, но искрено не верувам. Многу играчи си заминаа, од почетокот на подготовките досега дури 10 играчи нѐ напуштија, и не знам со каква екипа ќе се продолжи. Јас имам неколку понуди од Романија и најдоцна до 1 септември ќе решам што понатаму. Имаше екипи заинтересирани и од странство, но истите ги одбив уште летово, со надеже дека ситуацијата тука во клубот ќе биде надмината, изјави Шундовски.

Нема коментара:
Постави коментар