Powered By Blogger

9. 8. 2014.

Првенец на Алтипармаковски, но јунакот се вика Бујчевски

БИТОЛЧАНИ ПРОТАГОНИСТИ ВО ПРВИОТ МЕЧ ОД ВТОРОТО КОЛО ВО ФУДБАЛСКИОТ ШАМПИОНАТ
Работнички остана со празни раце и по второто коло во Првата лига, откако попладнево во самиот финиш на гостувањето во Тетово доживеа нов пораз, сега со 2:1 од Ренова во меч со голови на двајца битолчани. Антонио Бујчевски со гол во 89 минута од мечот бепе човекот на одлука. Битолчанецот натрча и ја смести топката во мрежата од осум метри, откако Хухии претходно од 18 метри го погоди дирекот. Претходно Марјан Алтипармаковски го спаси Работнички од нов пораз со гол од пенал, три минути откако Ренова поведе преку Изаир Емини исто така од пенал. Прво Бојки стартуваше врз Бујчевски за најстрога казна, а три минути подоцна Нухии возврати со старт врз Силјановски за израмнување.

Нема коментара:

Постави коментар