НА ТЕРЕНОТ НА ИЗНЕНАДУВАЊЕТО НА СЕЗОНАТА, ПЕЛИСТЕР БРКА
ТРЕТА ПОБЕДА ПО РЕД
По две години повторно Пелистер ќе игра за првенствени
бодови во Кратово и фактот што двете екипи мечот го дочекуваат во горниот дел
на табелата влева оптимизам кај битолчани.
Затоа тренерот Марјан Секуловски и фудбалерите веруваат дека победите против Ренова и Работнички нема да застанат в недела. Гоце Тодоровски тренира со екипата, но нема да се ризикува со него и најверојатно ќе се врати за мечот со Шкендија по две недели. Интенцијата на битолската клупа е да го потврди тимот кој донесе шест бода во последните две кола, но се зависи од уморот и ситните повреди, бидејќи неколку фудбалери се жалат на напорите од претходните средби. „Првите кола покажаа дека Силекс игра хомогено и гледливо. Тоа мора да се респектира и да се цени. Но ние веруваме и во нашите можности и во Кратово одиме со нашите опции за бодови. Делуваме обединето и покрај сите проблеми и со тоа сметаме дека како и во Турново и во Тетово и на ова гостување има свои шанси да се вратиме со успех„ вели повратникот во тимот по повредата Владица Брдаровски. Ристевски, Трајковски, Љамчевски, Марковски конкурираат за три места во средниот ред, а одбраната која на три официјални натпревари не примила гол, нема да се менува.

Нема коментара:
Постави коментар