БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ СЕ ОГЛАСИ ПО НЕДЕЛНИОТ ИНЦИДЕНТ
Соопштение на ФК ПЕЛИСТЕР АД
ФК ПЕЛИСТЕР како организатор на натпреварот ФК Пелистер – ФК Вардар во рамките на 1 - коло на новиот шампионат на Македонија најискрено жали за неделните инциденти на стадионот под Тумбе кафе и најостро го осудува секој обид за насилство на фудбалските терени. Во таа линија ја подржуваме внимателноста на ФФМ да има жестоки санкции за тие кои го иницираат насилството без разлика на кој клуб му припаѓаат. ФК ПЕЛИСТЕР темелно и до најмалите детали го подготвуваше мечот со Вардар, посебно заради промените во клубската структура.
Неколку пати управниот одбор на клубот одржа директни состаноци со навивачката група Чкембари и се што беше договорено на состаноците, беше испочитивано за време на натпреварот. Чкембарите навиваа за чиста десетка, немаше ниту едно пиротехничко средство на теренот, немаше ни приближно можност за физички контакт со противничките навивачи, немаше тврди предмети на теренот. Затоа во оваа прилика ФК Пелистер му се заблагодарува на своите навивачи, во кои никогаш не се сомнева, но во оваа прилика беа сведени на минимум и изолираните инциденти во секторот каде се наоѓаат домашните навивачи. Во тој прилог како организатори на мечот располагаме и со видео материјали кои можат да го потврдат однесувањето на битолската публика. Се надеваме дека во тој правец ќе продолжи нашата соработка и во иднина.
Што се однесува до инцидентот во секторот каде се наоѓаа навивачите на Вардар, нашиот клуб со ништо не го испровоцира инцидентот, напротив многу наши клубски оперативци, како и лекарската служба интервенираа за побрза реакција по повредата на раката на навивачот на Вардар. За причините и виновниците се изјаснија и ќе се произнесат надлежните, а ние во целост му стоиме на располагање на сите фудбалски и не само фудбалски инстанци во обидот за расветлување на случајот. Исто така сакаме да потенцираме дека односите со нашиот спортски ривал - ФК Вардар се движат во вистинска насока. Можеби и затоа не изненади соопштението во кое ФК Вардар зборува за организациони пропусти и нив ги насочува како причини за инцидентот. Се надеваме дека се работи само за недоразбирање и обид да се дефокусира јавноста од вистинскиот проблем. ФК Пелистер често бил жртва и за гревови кои не ги направил, па алудираме надлежните органи виновниците да ги бараат на друго место, а не во ФК Пелистер. Со ова уште еднаш сакаме да потенцираме дека и на теренот и на трибините како никогаш до сега „вечното дерби„ беше во знакот на фер-плејот и коректното однесување. Се надеваме дека така ќе биде и при нашето гостување во 10 коло во Скопје.
Со почит,
ФК ПЕЛИСТЕР АД

Нема коментара:
Постави коментар