Powered By Blogger

29. 8. 2014.

Битола пријави два прволигаши, а суперлигашот Пелистер и натаму „плови во неизвесни води„

ВО ГРАДОТ НА РАКОМЕТОТ СЕ РАЃААТ НОВИ КЛУБОВИ, А ТРОФЕЈНИОТ ПЕЛИСТЕР И НАТАМУ ВО НЕИЗВЕСНОСТ
Во новиот шампионат на Првата лига на Македонија во ракомет или вториот квалитативен ранг во нашата земја, Битола пријави два свои клуба кои до минатата сезона не се натпреваруваа во оваа категорија.
Феникс ја пријави екипата, која ќе биде составена од домашни ракометари и која веќе две недели е во тренажен процес. Тотална новина е пријавувањето на екипата ХЈС Еурофарм, која за прв пат ќе игра во сениорска конкуренција. Се работи за клубот на Иван Марковски и Александар Зарков, кој со успех се развива во младинските категории, а сега за прв пат ќе игра и меѓу сениорите. Клубот доби цврст спонзор во Еурофарм аптеките, кои се во сопственост на Силјан Мицевски. И во овој случај, костурот ќе биде составен од битолски млади ракометари, надополнети со квалитетни и одмерени ракометари од земјата и странство. Сето тоа кога иднината на суперлигашот и трофејниот Пелистер денес треба да се дефинира. Потврдено е дека со помош на Силјан Мицевски и Општина Битола клубот ќе се трансформира, но денес се очекува потврдата за финансискиот колач. Веќе договорените Мисовски, Чавар, Златко Мојсоски и веројатно Пецаковски сеуште не ги ставиле потписите на договорите и додека тоа не го направат, владее полна неизвесност. Екипата на Игор Николовски исто така е во тренажен процес, но очекува вести околу засилувањата, планот на подготовки и планови за новата сезона.

Нема коментара:

Постави коментар