ПРВИ ДОМАШНИ БОДОВИ ЗА ПЕЛИСТЕР И ТОА ПРОТИВ ПРВАКОТ РАБОТНИЧКИ
Прва фудбалска лига - 5 - коло
Пелистер - Работнички 1:0 (0:0)
Пелистер - Работнички 1:0 (0:0)
Градски стадион
под Тумбе кафе. Гледачи: 500
Главен судија:
Горан Спиркоски
Асистенти: Илчо
Јорданоски и Златко Митрески (сите од Прилеп)
Делегат: Васко
Зајков (Валандово)
Стрелец: Ступиќ
во 67 минута за Пелистер
Жолти картони: Брдаровски,
Пашовски, Трајковски (Пелистер)
Црвени картон: нема
Пашовски, Петковски,
Крстески, Степановски, Миленковски, Анастасов (од 90м. Атанасовски), Мустафов,
Брдаровски, Ристевски (од 62м. Трајковски), Марковски (од 53м. Љамчевски),
Ступиќ
Работнички:
Божиновски, Гал,
Тодоровски (од 81м. Бојку), Вујчиќ, Сулејманов (од 68м. Јашаровски),
Силјановски, Велковски, Петровиќ, Милушев, Алтипармаковски, Илиевски
Играч на
натпреварот:
Бошко Ступиќ (Пелистер)
По многу топло
време, мечот на Пелистер и Работнички започна со 10 минутно доцнење, како
протест на домашните фудбалери за новото одлагање за продажбата на клубот.
Секуловски го потврди тимот од Тетово, а кај Работнички за прв пат против
матичниот клуб настапи Марјан Алтипармаковски. Опасно изведениот слободен удар
на Мустафов во 7 минута беше прва закана на пелистерци, но Божиновски со крајни
напори одби во поле. Возврати Сулејманов на сличен начин во 14 минута, но го
префрли голот и покрај добро пласираниот удар. Следеше периодот на изедначена
игра со само полушанси на двете страни. Прескромниот прв дел заврши со поголем
страв да не се прими гол, одколку да се постигне. Вториот дел започна со ударот
на Горан Силјановски, кој Пашовски го избоксува во поле. Домашниот тренер
Секуловски го повлече првиот потез, внесувајќи го Љамчевски на местото на
Марковски. Во игра без шанси, само што влезе во игра Јованчо Трајковски во 63
минута убаво го пронајде Анастасов, кој отиде премногу во страна и пропадна
надежен контранапад на битолчани. Во 67 минута по слободниот удар на Александар
Анастасов, летното засилување на пелистерци, постави глава на 5-6 метри и го
силен удар ја закова топката во мрежата на дебармаалци. Трет гол сезонава за
босанскиот интернационалец и трета асистенција за Анастасов. Ангеловски се
обиде со влегувањето во игра на Јашаровски и Бојку да ја насочи екипата кон
голот на Пашовски. Но во финишот зрела шанса имаа домаќините. Мустафов
центрираше од скратен корнер, Ступиќ постави глава, но топката за сантиметар
заврши крај дирекот. Огромна можност за израмнување имаше шампионот веќе во
наредниот напад. По гужвата пред битолскиот гол, Бојку бие од само 5-6 метри, но
домашниот капитен Пашовски чудесно брани и спасува сигурен гол. По 6 минутно надополнување, битолчани ја славата
првата домашна победа во сезоната и тоа баш против шампионот.
Марјан Секуловски
(тренер на ФК
Пелистер)
Сакам да им честитам
на моите фудбалери кои се надминаа себеси и во тешка ситуација во каква што се
наоѓаме, успеаа да потврдат дека се вистински херои на овој град. И покрај се
против еден ваков ривал игравме паметно, во секој момент знаевме што сакаме и
мислам дека ја заслуживме победата. Верувам дека градот ќе им се оддолжи на
овие фудбалери кои заслужуваат само комплименти.
Игор Ангеловски
(тренер на ФК Работнички)
Мислам дека
најреално беше овој меч да заврши нерешено според прикажаното, но во фудбалот
се бројат само головите. Пелистер постигна гол од прекин, ние имавме голема
шанса, но битолчани ја вадеа топката од гол линија. Но фудбалот е таков. Враќање
нема и ние мора да се концентрираме на дербито со Шкендија, кое не очекува.
Едноминутно молчење за починатиот „чкембар„
Минатата недела
ненадејно почина еден од членовите на навивачката група „Чкембари„ Сашо
Чомовски - Чома, па мечот започна со едноминутно молчење, како последно
сочувство од битолската публика за прераната смрт на младиот битолчанец.
Нема коментара:
Постави коментар