Powered By Blogger

4. 8. 2014.

Битолчани изненадени: ФК Вардар ја напаѓа организацијата на натпреварот


СООПШТЕНИЕТО НА ФК ВАРДАР ЗВУЧИ КОНТРАДИКТОРНО ЗА БИТОЛЧАНИ
На општо изненадување ФК вардар издаде соопштение во кое го напаѓа организаторот на натпреварот заради пропусти, а не посочува ниту еден друг виновник за настанатата ситуација. Исто така застанува во одбрана на сопствените навивачи:

„Во врска со вчерашните немили настани на натпреварот од првото коло од новата сезона во ПМФЛ, помеѓу екипите на Пелистер и Вардар, екипата на Ф.К. Вардар изразува жалење за вчерашниот инцидент на Тумбе Кафе во Битола каде беа повредени неколкумина навивачи на нашиот клуб. Клубот им посакува побрзо закрепнување на повредените навивачи, и токму за таа цел клубот овозможи итни лекарски прегледи и третмани во клиниката Систина за сите повредени навивачи. ФК Вардар осекогаш ги осудувал ваквите немили настани и очекува Фудбалската Федерација на Македонија да ги превземе сите потребни мерки за спречување на секаков вид инциденти кои го нарушуваат Фудбалските стандарди во Македонија, како и угледот на македонскиот фудбал генерално. Исто така, сакаме да изразиме и незадоволство за вчерашниот натпревар од организациски аспект на домаќинот. Беа направени многубројни пропусти од страна на организаторот, при што очекуваме раководните лица во ФФМ да превземат соодветни мерки. ФК Вардар како и секогаш до сега, продолжува со борбата против насилството на трибините, и секогаш ќе настојува да го подобрува угледот на македонскиот фудбал“, стои во реакцијата на црвено-црните.

Нема коментара:

Постави коментар