Powered By Blogger

6. 8. 2014.

Кузмановски: „Бев турнат и лошо паднав, знаев дека е нешто сериозно„

17 ГОДИШНИОТ БИТОЛЧАНЕЦ РАСКАЖУВА ЗА ВТОРАТА СЕРИОЗНА ПОВРЕДА ВО ДВЕ ГОДИНИ
Кадетската репрезентација на Македонија на Александар Јовиќ скапо ја плати цената на победата во контролниот меч со Унгарија.
Двајца репрезентативци се повредија, од кои Филип Кузмановски посериозно и нема да игра на шампионатот на Европа во Полска. Несреќниот битолчанец се навраќа на несреќниот момент: „Вториот натревар со Унгарија беше на нож. Се играше претерано грубо. Домашните судии не санкционираа никаков старт за две минути. За разлика од нив сите наши посилни стартови беа санкционирани. Минав противнички играч за да одам кон голот. Го поминувам и одеднаш бев турнат од позади. Нависитна паднав лошо и осетив силна болка. По пристигувањето во Скопје бев на преглед. Вестите не беа ни малку пријатни. На снимаката се виде дека имам пукната клучна коска“ раскажуваше талентираниот битолчанец Филип Кузмановски.

Нема коментара:

Постави коментар