НЕРАЗЈАСНЕТА СИТУАЦИЈА И ПО ИЗВЕШТАЈОТ НА ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА
Внатрешната контрола за професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи (МВР) ја заврши истрагата за тешкиот инцидент кој што се случи во неделата кога експлозијата му откина два прста од левата рака на навивачот на Комитите, Горан Николоски – Турчин.
Според внатрешна контрола, полицаецот не знае како ја изгубил бомбата.
„На видео записот од СВР Битола се гледа лице кое подолго време во десната рака држи бомба, што укажува на тоа дека истата претходно не била активирана, туку тоа било сторено од лицето со што е предизвикана општа опасност. Полицискиот службеник чија била бомбата, во службена белешка навел дека забележал дека му ја нема бомбата која ја имал закачено на горниот дел од панцирот од десната страна, но не можел да прецизира дали му испаднала или некој од навивачите му ја извадил. На видеото јасно се гледа дека навивачот повеќе пати замавнува со неа кон полицијата, односно дека ја држи подолго од три секунди, што укажува на фактот дека истата претходно не била активирана, туку дека тоа било сторено од негова страна“, пишува во соопштението од Внатрешна контрола.

Нема коментара:
Постави коментар