Powered By Blogger

26. 8. 2014.

20 минути за Ивановски, нова победа на Клуж

БИТОЛЧАНЕЦОТ ЈА ЗГОЛЕМУВА СВОЈАТА МИНУТАЖА ВО НОВИОТ ДРЕС НА КЛУЖ
Најновото засилување на романскиот Клуж, Мирко Ивановски одигра 20 минути во победата на неговата екипа против Газ Метан со 4:1.
Битолчанецот влезе при 3:1 на местото на Гуима и учествуваше во завршниот притисок кој резултираше со убедлив триумф. Стрелци на головите за Клуж беа Фуима, Ларие, Таде од пенал и од игра. Единствениот гол за Газ Метан го постигна Петре и тоа за водство на гостите уште во 13 минута. По оваа бода, Клуж е на четвртото место со 10 освоени бода. Во наредното коло екипата на Ивановски му гостува на Петролул на 31 август во 20 часот.   

Нема коментара:

Постави коментар