Powered By Blogger

14. 8. 2014.

Прилепски судии за мечот Пелистер - Металург

ФФМ ГИ ДЕЛЕГИРАШЕ ДЕЛИТЕЛИТЕ НА ПРАВДАТА ЗА ТРЕТОТО КОЛО
Искусниот прилепски судија Горан Спиркоски е делегиран за главен судија на неделниот меч на Пелистер против Металург во рамките на третото коло на Првата фудбалска лига. Спиркоски за прв пат ќе му суди оваа сезона на зелените, а вообичаено ќе му помагаат Зоран Костоски и Марјан Смилкоски. Четврт судија ќе биде Ирена Велеваќкоска, сите од Прилеп. Контролор на ФФМ е Аднан Идризи од Тетово. Мечот како и останатите неделни ќе се игра во 17.30 часот, а од останатите делегирања Ставрев ќе го води мечот Силекс - Ренова, а во Штип на мечот Брегалница - Вардар на центарот ќе застане Марјан Ецкоски од Охрид. 

Нема коментара:

Постави коментар