Powered By Blogger

6. 8. 2014.

ФФМ најави постапки и казни и за Пелистер и за Вардар

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА СЕ ОЧЕКУВААТ ОДЛУКИ ПО ДЕНЕС ПОКРЕНАТА ПОСТАПКА И ПРОТИВ ПЕЛИСТЕР И ПРОТИВ ВАРДАР
Дисциплинската комисија при ФФM својот редовен состанок покрена дисциплинска постапка против Вардар и Пелистер за случувањата на неделнoто дерби натпревар во Битола. Против Пелистер е покрената дисциплинска постапка поради слаба организација на мечот и недозволено фрлање на пиротехнички материјали за време на истиот.
Вардар ќе биде на тапет на Дисциплинецот поради насилничко однесување на навивачката група „Комити“ пред крајот на натпреварот и судирот со полициските единици. Пред Дисциплинската комисија на ФФМ ќе одговара и тренерот на голманите на Вардар, Саша Илиќ, поради вербален напад на службено лице на натпреварот во Битола. Дисциплинската комисија во рок од три дена очекува изјави од сите страни на средбата под „Тумбе кафе“ по што ќе биде донесена одлуката околу покренатите постапки.

Нема коментара:

Постави коментар